Nvidia е хардвер гигант и несомнено крал на графичките картички. Пред само неколку недели компанијата за 40 милијарди долари го купи ARM и го продлабочи своето портфолио на производи.
Иако понекогаш можеби ни делува како компанијата да постои отсекогаш, сепак Nvidia е релативно нова хардвер компанија. Основана е во 1993 година од Јенсен Хуанф, Крис Малчовски и Куртис Прием. Во овој период веќе се навестуваше дека домашните компјутери ќе имаат потреба од поголема моќ за процесирање графика. Од разни содржини како видеа и мултимедијален контент, па се до видеоигрите кои наеднаш станаа многу „погладни“. Ова беше првиот чекор на Nvidia на патот до хардвер гигант.
Nvidia не беше единствената компанија во овој период која инвестираше во развој на графички картички. Дел од вас веројатно се сеќаваат на „војната“ помеѓу Voodo картичките на 3dfx и на TNT RIVA графичките картички на Nvidia кои беа супер популарни на почетокот. Во овој период Nvidia не беше доминантна на пазарот, а Voodoo и Voodoo2 имаа подобри перформанси. Сепак до 2006 година Nvidia остана единствен независен производител на графички картички.
Во периодот кога Nvidia започна со работа имаше дваесетина компании кои работеа на оваа технологија. Поради интересот по 3 години имаше над 70 производители.
RIVA TNT
Очекувано главен двигател на пазарот на графички картички во прво време беа видеоигрите. Овој сектор навистина брзо се префрли од 2Д на 3Д и перформансите на графичките картички наеднаш станаа многу позначајни.
Првиот производ кој го издаде компанијата е NVIDIA NV1, PCI картичка. Картичката излезе под името Diamond Edge 3D. Подоцна, во 1997 компанијата ја претстави Riva 128. На ова сепак му претходеше уште еден значен настан; Microsoft ги издаде DirectX драјверите со Direct3D поддршка. Со оваа графичка картичка речиси веднаш започна и препознавањето на квалитетот на производите на Nvidia, но конкурентите 3dfx имаа квалитетен конкурентен производ во Voodoo серијата. Во првите четири месеци од продажбата Nvidia продаде 1 милион графички картички.
Во 1998 година Nvidia ја претстави првата поимпресивна графичка картичка TNT RIVA. Во овој период 3dfx ја издаде супер популарната графичка картичка Voodoo 2. TNT RIVA беше полоша картичка и излезе предоцна, но успеаја да се претстават како конкурент, а ова беше доволно за следната картичка TNT RIVA 2. Со таа картичка Nvidia се приближи на конкурентот.
Први буџет картички
Сепак она што ја оддели компанијата од конкурентите не беше најдобрата картичка. Nvidia за прв пат издаде картичка со полоши перформанси. TNT Vanta беше буџет верзија на RIVA. Користеше ист процесор, но со полоша фреквенција и и помалку меморија.
1999 година е важна година и за Nvidia и за гејмерите и за индустријата. Компанијата го претстави првиот графички процесор. GeForce 256 е првиот графички процесор со енџин способен да прикаже барем 10 милиони полигони во секунда. На крајот на 2000-та година Nvidia ги купи 3dfx. Најголемиот конкурент на почетоците на крајот на 90-те нагло падна, што придонесе Nvidia да ги купи и тоа според проценките главно поради патентите кои ги поседуваа.
Најголема улога во брзиот раст на Nvidia играа видеоигрите. Производителот беше избор на многу студија кои работеа на неверојатни игри. Сепак ниту една соработка не беше позначајна од соработката на World of Warcraft. Во 2004 oовие две компании заедно работеа сите графички картички од Nvidia вклучувајќи ги најновите GeForce 6800 и GeForce 2 да немаат никаков проблем во работата.
Nvidia секако има конкуренција во AMD, но се чини дека овие две компании барем засега се единствените кои имаат што да понудат.
Суперкомпјутери, професионална визуелизација, податочни центри и чипови за авто индустријата
Секако најголемиот производите на графички картички не застана на ова. Компанијата денес работи на куп различни технологии, од суперкомпјутери до професионална визуелизација, податочни центри и чипови за авто индустријата. Nvidia дири произведе и мобилен процесор Tegra, кој иако имаше солидни перформанси не успеа да го замени Qualcomm.
Компанијата е партнер на Toyota и соработуваат на автономни возила. Drive PX-series е платформата за вештачка интелигенција на Nvidia за автономни возила. Сличен договор имаат и со Baidu за Drive PX 2 AI платформата.
Денес процесорите на Nvidia се вклучени во системите за „deep learning“ и забрзана аналитика. Чиповите на компанијата се користат за различни намени од предвидување на временската состојба, до дијагностика на рак и во автономни возила.
Минатиот месец Nvidia за 40 милијарди долари го купи ARM. Со ова се подготвени за влез на пазарот на паметни уреди и интернет на нештата.







