Android паметните телефони наскоро ќе имаат нова функционалност да детектираат земјотрес. Вака креираната мрежа ќе биде најголема сеизмолошка мрежата во светот, вели Google.
Google верува дека сензорите (акцелерометрите) во паметните телефони се доволно чувствителни да може да ги детектираат П-брановите од земјотресите. Мрежата ќе функционира постојано, а кога телефонот ќе забележи тресење како земјотрес ќе ги испрати податоците до серверот за детекција на земјотрес. Заедно со информацијата за земјотресот, се испраќа и локацијата.
На технологијата Google соработува со Центарот за геолошко истражување на САД и со Центарот за кризи во Калифорнија. Калифорнија има одлична мрежа со над 700 сензори за земјотрес, но вакви мрежи може да не се исплатливи насекаде. Наместо ова Google ќе овозможи креирање на сеизмолошка мрежа со паметни телефони.

Овие податоци ќе бидат достапни низ целиот свет. За почеток нотификациите за земјотрес нема да пристигаат на телефоните, но ако корисникот пребарува „земјотрес“ или „земјотрес во близина“ ќе добие податоци за земјотресот. Заедно со ова ќе бидат испратени и дополнителни податоци со совети кои ќе бидат корисни во овој период.
На Android секако нема недостиг на апликации со информации за земјотрес. Овие апликации се базираат на сеизмолошки станици кои праќаат известувања. Обидот на Google е да дојде до податоци за земјотрес преку „crowdsourcing“. За среќа за корисниците нема никаков дополнителен напор, па податоците ќе се собираат редовно.







