Microsoft заинтересиран да го купи TikTok?

во Вести

Еден од технолошките гиганти Microsoft е заинтересиран да го купи TikTok. Ова е една од главните вести од крајот на минатата недела, откако започнаа заканите за забрана на сервисот за работа во САД. Според претседателот на САД, TikTok е опасност за приватноста на Американците. Поради ова му остави само 45 дена на Microsoft да го заврши евентуалниот договор, пишува Reuters.

Веста ја потврдуваат и од Microsoft кои велат дека преговорите ќе завршат пред 15 септември. Доколку преговорите завршат со успех Microsoft ќе ја поседува платформата на американскиот, австралискиот, канадскиот и новозеландскиот пазар. Понатаму Microsoft може и да пронајде партнери со кои ќе го сподели финансискиот товар.

TikTok е апликација/друштвена мрежа креирана од Bytedance која на корисниците им овозможува да снимаат и да споделат куси видеа. Малку повозрасните веројатно се сеќаваат на платформата Vine која имаше речиси идентична функционалност. Разликата е што TikTok доаѓа од Кина. Дополнително за да ги задоволи условите за кинескиот и пазарот надвор од Кина компанијата креираше две верзии на апликацијата.

Причината поради која Microsoft e заинтересиран да го купи TikTok е бројот на корисници и податоци те кои може да ги „повлечат“ од овие корисници. Компанијата ќе ја користи платформата како замена за мобилната револуција која ја пропуштија. Подолг период продавањето на хардвер го заменуваат со софтвер. Со TikTok можат да добијат платформа за споделување на содржина и видеа.

Дополнително тука е и можноста за заработка од рекламите, но и интеграција со сервисите на Microsoft. На пример на некој гледач на видео од Minecraft може да му биде понудено директно да игра од облакот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments