Digital Macedonian Dictionary е ново дело на креаторите на Дигиталниот речник на македонскиот јазик. Станува збор за апликација наменета за Android оперативниот систем која во најголем дел, иако не во целост е мобилна верзија на веб-страницата.
Апликацијата е едноставна за користење, а за нејзино користење е потребна Android 5.0 верзија и инсталирана македонска кирилица на телефонот.
Корисниците супер едноставно можат со помош на апликацијата да пронајдат синоними за некој збор, пример за употреба, но и превод и на зборовите на албански и англиски јазик.
Засега Digital Macedonian Dictionary е во 1.0 верзија, a неговите автори најавуваат нови функционалности во иднина.







