Kорисниците на iPhone започнаа да забележуваат прегревање и намалено траење на батеријата откако ја надградија својот телефон на iOS 6.1. Проблемот е веќе пријавен на сајтот на заедницата на Apple. Проблемот кој го пријавуваат корисниците е пребрзото трошење на батеријата, поточно, дури и на стендбај батеријата се празни неверојатно брзо. Проблемите се присутни на сите уреди од IPhone 5, iPod Touch или iPad. Дел од iPhone 4 корисниците пријавуваат дека нивните телефони се празни по два часа.
„По надградбата на 6.1 батеријата се празни двојно побрзо, речиси не го користев мојот телефон а за неколку часа батеријата се испразни до 28 отсто“, пишува еден корисник.
Дел од операторите како Vodafone веќе ги предупредуваат своите корисници, пред се корисниците на 4S, да не прават надградба на оперативниот систем се додека не е достапна 6.1.1 верзијата.
Дел од корисниците се сомневаат дека проблемите со пребрзот празнење на батеријата ги предизвикува надградбата преку Air. Еден од можните предизвикувачи на проблемите се „Apple Mail и Microsoft Exchange“, iOS 6.1 пријавува непостоечки состаноци, уредите се обидуваат да се синхронизираат но при тоа влегуваат во „јамка“ која ја празни батеријата, но и ги намалува перформансите на уредот, пишува The Next Web.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.