Уште едно збогување со Adobe Flash. Ќе биде ли последно?

во Вести

Пред речиси точно 5 години, Mozilla, Twitch, YouTube, Google и Facebook го заменија тогаш популарниот Flash со HTML5. Apple пак никогаш не го прифати Flash, а Стив Џобс беше еден од најголемите противници на технологијата.

Главна причина за повлекувањето и отстранувањето на Flash Player беа безбедносните пропусти, но и напредокот на HTML5 и CSS3.

Сепак 5 години подоцна Flash сè уште е тука. Adobe уште пред три години најави дека ќе го повлече од употреба, но тоа до сега не се случило.

Конечното повлекување би можело да започне следната година. Adobe најави дека на 31 декември престануваат цела дистрибуција и надградби на Flash Player. Компанијата објасни дека до крајот на оваа година ќе има безбедносни надградби на Flash Player. Дополнително компанијата ќе ја отстрани веб-страницата за преземање на софтверот и ќе ја блокираат содржината.

Секако Flash нема да престане да постои по 31 декември. Софтверот ќе биде достапен за преземање на трети страници, но Adobe вели дека станува збор за неавторизиран софтвер кој е извор на малициозен код и вируси.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk