Короновирусот и сите мерки кои се преземаат дефинитивно влијаат на звуците кои се слушаат низ светот, особено на места каде обично доминира врева.
Следниот сајт е всушност звучна мапа за COVID-19. Имено, користејќи Google Earth, професорот Пит Столери собрал снимки преку кои може да се чуе како како најпрометните и најгласните места од светот звучат за време на пандемијата. По вчитување на мапата, можете да изберете некоја локација од левата страна или директно да изберете нешто преку интерактивниот глобус. Дополнително, можете да се информирате повеќе за местото, лицето кое ја поднело аудио снимката и, во поголемиот дел случаи, можете да прочитате најразлични размислувања за местото и за тоа колку е чудно да се искуси во апсолутна тишина. Доколку кликнете на копчето Present ќе започне аудио тура со над 160 снимци.

Сајтот функционира преку прелистувачите Chrome или Edge. За преку мобилен, потребна ви е Google Earth апликацијата.