DEKRA Архивиран оглас

ИТ координатор

Скопје вработување 21 мај, 2020
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Во име на својот клиент, КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, прва и водечка компанија во полето на осигурување на Живот во Македонија, ДЕКРА ја огласува позицијата:

ИТ КООРДИНАТОР 

ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:

Одржување на серверската инфраструктура и компјутерската мрежа;
Aдминистрација на базите на податоци (Microsoft SQL DB);
Администрација на ЕРП и останатите софтверски решенија во Друштвото;
Редовно правење на резервни копии (backup) на програмите и базите на податоци;
Инсталација и ажурирање на потребни софтверски пакети на работните станици;
Генерирање на предефинирани извештаи од базата на податоци;
Учество во ажурирање на работни процедури во доменот на ИТ;
Анализа и оценка на ризици поврзани со сигурноста на информацискиот систем на Друштвото;
Следење и реализација на планот за континуитет на ИТ системот;
Следење на трендовите во ИТ индустријата и давање предлози за адекватна примена.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Работно искуство од најмалку 2 години;
Завршено високо образование од областа на информатичките науки;
Искуство со работа со комплексни ЕРП системи;
Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL DB);
Познавања од веб технологии и веб сервиси;
Основни познавања од JavaScript, HTML, CSS и XML;
Основни познавања од Jasper Reports;
Одлични комуникациски вештини, тимска работа, самоиницијативност и аналитички способности;
Познавање на англиски јазик;
Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected].

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 01/06/2020 година

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Мени
Заедница
Изглед
To top