Во време кога стандардните батерии за електрични возила едвај поминуваат помеѓу 160 000 и 320 000 километри пред да одат на рециклирање, неверојатно звучи најавата на General Electric со која компанијата ветува батерија од 1 милион милји.
Веста за овие батерија ја пренесе заменик претседателот на компанијата Даг Паркс на онлајн конференција на инвеститори.

Иако нема најава за точната дата на излегувањето на овие батерии, повеќе тимови во компанијата работат на „zero-cobalt“ електроди, solid-state електролити и ултра брзо полнење, пренесе Reuters.
Во моментов батериите се главната причина за дотраеност на електричните возила. Дополнително батериите се и значителен дел од цената на возилата, но и главниот елемент кој ако не се рециклира влијае на загадувањето. Ако издржливоста може да се зголеми неколкупати тоа ќе значи и дека на долг рок и самите возила ќе станат поевтини.







