0 коментари 1 мин. читање

Дознајте ги најновите попусти на Android апликации и игри со AppSales

Имате Android телефон или таблет, но не ви се даваат (многу) пари за бројните премиум апликации и игри? Потполно разбираме, токму поради тоа и ви ја препорачуваме веб страната и апликацијата AppSales.

Првото нешто што ќе ги видите во AppSales е мала, но исклучително важна листа од најпопуларни бесплатни (или на попуст) апликации и игри. Кликнете на Explore All Highlights и ќе можете да ги видите сите такви понуди.

Но, доколку одите подолу, ќе забележите една друга листа која ги покажува најновите распродажби, односно бесплатни работи. Latest Sales е нашата омилена категорија и, од тука, инстантно добиваме увид во најновите „понуди“. Во третата категорија се истакнуваат апликации и игри кои се целосно бесплатни за одредено време. На располагање имате и одлична апликација која можете да ја преземете од тука.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top