2 коментари 1 мин. читање

Светот изгледа поинаку со Project Glass на Google

Научно-фантастичните наочари на Google ќе се појават можеби од наредната година и ќе ви овозможи да се чувстувате како пред вас да има додаден слој на (проширена) реалноста преполн со разно-разни информации. Секако, тоа што нема да можат да го видите е дека ќе изгледате глупаво бидејќи во моментов дизајнот на наочарите е ужасен.

Наочарите имаат предна камера со блиц и интерфејс за препознавање на говор базиран на Android. Стаклото е всушност екранче на кое се прикажуваат информациите лоцирани преку GPS и други сензори. Според Google тие ќе бидат пренесувани преку 3G и 4G мрежи.

Project Glass, како што е именуван продуктот, си има своја Google+ страна на која ќе дознаете повеќе информации.

[youtube]9c6W4CCU9M4[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top