Junior PHP Developer
За позицијата
Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки, компанија која постои 39 години, со повеќе од 200 вработени, од кои над 90 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Airbus, Boeing, Bosch, Siemens…)
Hi-tech Corp. објавува
К О Н К У Р С
за вработување на позицијата:
Junior PHP Developer
кој ќе работи на одржување и развој на интерен ERP систем
Потребни знаења и вештини:
- Основно познавање на PHP, jQuery, MySql, AJAX, XML, CSS, JSON, HTML5 v
- Добро разбирање на OOP како и MVC design pattern
- Познавање на Linux, Codeigniter, Git/Svn ќе се смета за предност
- Пишување на SQL-кверија
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Желба за непредок, учење и самостојно решавање проблеми
- Приоритет ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во PHP, MySql, jQuery и слично.
Одговорности:
Како Junior PHP Developer ќе работите на веб базиран интерен ERP систем кој е составен од повеќе модули (понуди, нарачки, следење на производство, фактурирање итн.)
- Изработка на модули и нови функционалности
- Изработка на извештаи
- Поправки на багови
- Подобрување на перформанси на системот (кеширање, оптимизација на бавни кверија, итн.)
Компанијата обезбедува:
- Организиран превоз од и до работното место
- Ќе се стекнете со силно познавање на објектно ориентирано програмирање и ќе работите во најкористениот јазик за изработка на веб апликации
- Ќе работите на голем систем кој побарува коплексни работни задачи
- Се користат алгоритми како и сложени SQL-кверија за читање и манупулација со податоци
- Континуирано учење и напредок во рамките на компанијата
Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 18.03.2020 на [email protected] да достават кратка биографија – CV (задолжително со фотографија, адреса, телефон и датум на раѓање) и скенирано уверение за завршено образование.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.