Junior Account Manager
Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.
За позицијата
Бараме Junior Account Manager кој ќе биде прва точка за комуникација со постоечките клиенти, ќе одговара на нивните прашања, ќе ги адресира нивните барања до одговорните лица во компанијата, и ќе составува месечни извештаи за преземените активности за клиентите. Целта е да придонесете во одржување и подобрување на долгорочните односи со клиентите.
Канцеларијата е во самиот центар на Скопје.
IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има, креативната и наградувана агенција Glitch, проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xoCluster, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и А1 Македонија (поранешен: Vip), A1 Croatia (поранешен: Vipnet), Vip Mobile, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862, телевизиската серија На Терапија, филмовите „Исцелител“, „Врба “и многу други…
Позицијата е отворена за секое лице со барем една година искуство во маркетинг account management или customer service (се вбројува и freelance работа или работа на лични проекти).
Познавањето на business-level англиски јазик е задолжително.
Што би работеле?
- Прибирање на информации за одредени клиенти (големина на компанијата, потреби и ценовен план)
- Контактирање со клиентите за да се разберат нивните потреби
- Навремено и точно одговарање на барањата на клиентите
- Градење на силни, долгорочни односи со клиентите преку редовна комуникација
- Извештаи за статусот на клиентите и процесите кои се прават за нив
- Сугерирање на нови услуги на веќе постоечки клиенти
- Јасно комуницирање на нашите услуги со клиентите
- По потреба, објавување на социјалните мрежи на клиентите
Потребни познавања:
- Докажано искуство во маркетинг агенција или customer care
- Искуство со водење на дигитални маркетинг кампањи
- Извонредно познавање на англискиот јазик (работа со американски и интернационални клиенти ќе се смета за предност)
- Интерес и разбирање на нови дигитални технологии, особено во полето на маркетингот
- Искуство со водење на социјалните мрежи и можностите за нивно користење во промотивни цели
- Извонредни интерперсонални комуникациски вештини и способност за презентација на комплексни концепти на едноставен начин
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Услови за работа:
- Редовна и висококомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
- Флексибилно работно време,
- Динамична работна атмосфера во која се бара преземање на одговорност и исполнување на задачи,
- Можности за бонуси,
- Пријателска и тимска атмосфера.
При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.
Рокот за пријавување е до 10 март 2020 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.