Очекувано, американските власти доставија официјални документи за екстрадикција на основачот на контроверзниот сајт Megaupload, Ким Дотком. Тој беше уапсен во јануари, заедно со уште неколку вработени, од страна на полицијата на Нов Зеланд која соработуваше со американските власти.
Kим Дотком и вработените во Мegaupload се обвинети дека ја потпомагала пиратеријата правејќи штета од скоро пола милијарда долари, при тоа заработувајќи 150 милиони долари. Сајтот беше изгасен по апсењата. Целиот имот на Ким Дотком е запленет од полицијата, вклучувајќи ги и луксузните автомобили со екстравагантни регистарски таблички како „Мафиа“, „Обвинет“, „Полиција“, „CEO“…
Сослушувањето за екстрадикција е закажано за 20 август. На сослужувањето ќе се утврди дали тој ќе биде пратен во САД каде го чекаат тешките обвинувања.
Ким Дотком, кој е германски државјанин кој живее во Нов Зеланд, ги одби обвинувањата велејќи во неодамнешно интервју за новозеланските Channel 3 News дека „не сум пиратски крал. Јас нудев онлајн складиште на корисниците и тоа е се.“
Тој во моментов е ослободен со кауција, но слободата му е под ограничени услови. Мора да носи електронска нараквица, и не смее да ја напушти државата или да користи интернет.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.