5 коментари 1 мин. читање

Српските Anonymous ги нападнаа сајтовите на турбо-фолкерите City Records и Grand

Наместо „ние сме легија“ текстoт, кратката порака „Започна“ на бела позадина се најде на дифејсираните сајтови на продукциските куќи City Records и Grand. Ова се случува два дена по Anti-ACTA протестите во Белград и Нови Сад.

Српските Anonymous ги нападна продукциските куќи бидејќи ја „трујат српската младина“. Целта е секако да им се наштети на угледот и профитот на корпоративната музичка и филмска индустрија, вели групата. Покрај овие два сајтови, беа дифејсирани и сајтот на општински одбор Гроцка, sns-grocka.rs и kornrp.gov.rs. Претходно, на почетокот на февруари, групата ги сруши сајтовите на српските политички партии.

Аnonymous е хакерско-активистичка група со членови ширум светот. Сега гледаме како групата добива свои ограноци и на Балканот. Пред недела-две беше срушен сајтот на хрватскиот претседател бидејќи тој ја поддржа ACTA, а сега гледаме нивна активност и во Србија. Како и ширум светот, така и на Балканот, трговскиот договор АCTA, кој е потпишан од ЕУ и од кој многумина стравуваат дека ќе донесе интернет цензура, е главната причина за бурната реакција на хактивистите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top