0 коментари 2 мин. читање 20 февруари, 2012

Appstore за iOS наскоро ќе стигне до 25 милијарди симнати апликации

Од моментот на пишувањето на оваа статија, Appstore брои 24.440.293.543 симнувања на апликации, бројка што во живо се освежува секоја секунда. Тој што ќе ја симне апликацијата број 25.000.000.000 ќе добие награда од 10.000 долари што Apple сигурно може да си ја дозволи затоа што во последната година го има скоро дуплирано бројот на симнати апликации од Appstore за iOS.

Apple откри дека на развивачите на iOS апликации им исплатиле 4 милијарди долари, со тоа што исплатиле 700 милиони во последниот квартал. Аndroid касни со 11 милијарди симнати апликации, бројка која ја постигна минатиот месец, но ги поставува на сигурно второ место.

Во овој период што претставува пресвртница за симнати апликации на iOS мобилната платформа, Apple издаде корисно упатство околу тоа како да создавате апликации за iOS. Упатството е овозможено за сите, не само за тие што развиваат апликации за iOS и го објаснува процесот на издавање апликација на Appstore, од програмирање и развивање, до поставување на Appstore и погрижување вашата апликација да ги почитува стандардите на Apple.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top