7 коментари 2 мин. читање

Источна Европа го има најбрзиот интернет

Pando Networks, компанија која се занимава со подобрување на брзината на преземање на различни онлајн содржини, направи истражување за брзината и постојаноста на интернет конекциите низ светот. Истражување е направено според 27 милиони преземања од страна на 20 милиони компјутери во 224 држави во периодот од јануари до јули 2011.

Според ова истражување, просечната брзина на преземање во светот изнесува 580 Kbps, a од сите 224 држави на прво место по брзина на преземање е Јужна Кореја, податок кој не треба воошто да биде изненадувачки со оглед на тоа што скоро секое домаќинство во Јужна Кореја е приклучено на интернет. Просечната брзина на преземање во Јужна Кореја изнесува 2.202 Kbps. Доколку првото место не беше изненадување, второто и третото се. Второто место по брзина на преземање припаѓа на Романија со 1.909 Kbps, додека трето место е Бугарија со 1.611 Kbps. Интересно е тоа што државите од источна Европа доминираат на врвот на оваа листа. Литванија е на четврто место со 1.464 Kbps, Латвиа на петто со 1.377 Kbps и Украина на осмо место со 1.190 Kbps.

Според градови, првите шест места по брзина на преземање им припаѓаат на градови од Јужна Кореја, додека во првите десет има само два града кои не се од Јужна Кореја. Станува збор за Андовер, Масачусетс со 2.801 Kbps и Букурешт со 2.665 Kbps. Изненадувачки е тоа што големите економски сили како САД, Велика Британија, Кина и Канада се далеку од листата на држави со најбрз интернет.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top