Судот од Дизелдорф, кој пред недела дена пресуди во полза на Apple и постави ембарго на испораката на Samsung Galaxy Tab 10.1 во Европа, сега ја тргна забраната за испорака на таблет компјутерот барем до 25 август кога е закажано сослушувањето по поплаката на Samsung.
Забраната е тргната во сите европски земји освен во Германија. Судот во Дизалдорф пресуди да се постави блокадата врз испораката на Galaxy Tab 10.1 во цела Европа, освен во Холандија откако Apple го тужеше Samsung дека го копирале дизајнот на iPhone и iPad.
Samsung веднаш апелираше, барајќи да се промени одлуката и го предизвика судот во Дизелдорф прашувајќи дали судот има надлежност да забрани на странска компанија да продава продукти надвор од Германија.
Судот ја тргна забраната, освен во Германија, се додека не се разјасни надлежноста. Ново сослушување е закажано за 25 август. Двете завојувани страни ќе продолжат да се надмудруваат, Apple ќе побара целосна забрана во Европа, вклучувајќи ја и Холандија, додека Samsung ќе се обиде да ја тргне суспендијата комплетно и да продолжи да го продава својот нов производ.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.