Mozilla планира да се вклучи во трката за доминација на мобилните уреди. Креаторите на Firefox работат на мобилен оперативен систем чиј мал дел би се базирал на Google-овиот Android. Ова беше најавено на програмерскиот форум на Mozilla.
Mozilla се надева дека со Boot to Gecko, именуван според Gecko рендеринг енџинот кој се користи за Firefox и Thunderbird, нема да има потреба да користи прелистувач за стартување на апликации, односно ќе креира веб базиран оперативен систем.
Штом ќе го напише, Mozilla вели дека кодот ќе биде отворен и споделен. Најверојатно Mozilla се надева да го привлече интересот на програмерите. Знаејќи по бројните додатоци за Firefox, Mozilla заедницата е доста активна и би можеле да го подобрат оперативниот систем, но и да започнат да креираат апликации за истиот.
„Ќе го работиме ова на отворено, ќе го објавуваме кодот во реално време, ќе ги пренесеме сите успешни додатоци до соодветната група за стандарди, и ќе ги следиме сите промени во процесот. Нема да се обидуваме да направиме вградени апликации како овие кои работат само на Firefox, туку ќе се обидеме да работат на Веб.“, вели истражувачот на Mozilla, Андреас Гел.
Oвој пристап на Mozilla е комплетно поразличен и поотворен од Google-овиот пристап за Android, за кој иако вели дека е отворена платформа, сепак е потребно Google да ги разгледа и одобри сите промени на кодот.







