Перун Технологии Архивиран оглас

Софтверски Инженер

Скопје вработување 7 октомври, 2019
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Отворена работна позиција:

·         Софтверски инженер

 

Потребни квалификации:

·         Способност и желба за тимска работа

·         Одговорност и организираност во навремено извршување на работните задачи

·         Комуникациски способности во рамки на тимот и пред  клиенти

·         Основни познавања во оперативни системи и нивна администрација

·         Способност и желба  за наоѓање на програмски решенија и управување со предизвици при процесот на  програмирање

·         Дел од следните квалификации кои ги поседува кандидатот ќе се сметаат за предност при изборот (истите е потребно да се наведат при аплицирање на огласот):

o   Завршено соодветно високо образование (насока Софтверско Инженерство или друга насока во која се изучува Програмирање и/или Развој на софтвер)

o   Искуство во проекти со HTML, CSS и JavaScript

o   Искуство во проекти со React.js, Redux.js, Node.js

o   Искуство во работа на проекти во Java како и напредни концепти на ООП

o   Искуство со бази на податоци Oracle/PostgreSQL/MySql

 

Одговорности и опис на работни активности:

·         Следење на работни процеси

·         Евиденција на работни обврски и почитување на крајните рокови

·         Rазвој на програмски код, според воспоставена методологија на работа

·         Земање активно учество при дефинирање на кориснички интерфејси и развој на компоненти (искажување идеи и нивна реализација)

·         Rазвој на нови компоненти, како и анализа на постоечки компоненти од системот и подобрување на истите

·         Пишување на корисничка и техничка документација

 

Што нудиме?

·         Соодветна обука и менторство за запознавање на кандидатот за работната позиција

·         Пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија

·         Конкуретна плата и континуиран мониторинг на развојот на кандидатот во процесот на работење и развој

·         Можности за професионален и личен развој во повеќе области

Времетраење на огласот:

30 дена од датумот на објава

 

Начин на аплицирање:

Со испраќање на Вашето CV  на нашата емаил адреса: [email protected]

 

 

Мени
Заедница
Изглед
To top