Како да се фокусирате на само на еден таб?

Конектирани на интернет, искушението да се оддалечите од извршување на работните обврски знае да биде исклучително големо, особено доколку извршување на обврските знае да биде врзано со работа на одреден таб. Во случај да работите со повеќе табови преку прелистувачот Chrome, но да имате огромни проблеми со фокусирање на само еден од нив, можеби и не е лошо да го овозможите таканаречениот Focus Mode.

Во прелистувачот Chrome, отворете chrome://flags и овозможете го Focus Mode, така што ќе изберете Enable. Исклучите и одново вклучете го Chrome. Од сега, секојпат кога ќе сакате да го фокусирате вашето внимание на само еден таб, десен клик на истиот и изберете Focus this tab. Со оваа постапка, табот се отвора во нов прозорец кој изгледа како апликација. Интерфејсот на самиот прелистувач е скриен и нема да можете да го видите полето за пишување адреси, другите табови, како и останати елементи кои би можеле да го загрозат вашиот фокус.

Focus Mode нѝ се чини како одлично решение за сите оние кои максимално сакаат да се посветат на работа преку еден таб и не сакаат лесно да бидат задевани од можности кои не се поврзани со моментно внесената адреса. На овој начин, таквите лица поефикасно можат да ја насочат нивната енергија на пишување мејлови, работа преку со некој онлајн пакет од алатки или, во нашиот случај, пишување текстови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments