IWM Network Архивиран оглас

Java девелопер

Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.

Скопје вработување 28 септември, 2019
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

IWM Network има две отворени позиции за Java девелопер со добро познавање на Java Web Technologies. Позицијата е поврзана со работа на повеќегодишен проект – крипто-берза за Wall St. базирани инвеститори и е отворена за секој кој има желба да се приклучи на постоечки тим и да работи со последните технологии и веб стандарди.

Канцеларијата е во самиот центар на Скопје.

IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xoCluster, креативната и наградувана агенција Glitch, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и А1 Македонија (поранешен: Vip), A1 Croatia (поранешен: Vipnet), Vip Mobile, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862 и многу други…

Позицијата е отворена за секој девелопер со барем две години искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти).

Позицијата не е наменета за почетници.

Што би работеле?

  • Дизајн, развој и оддржување на custom back-end апликации и микро-сервиси во домените на фин-тек и интеграција со светски 3rd party системи;
  • Работа во микро-сервисна архитектура;
  • Директна работа со инжинери, продукт менаџери и инвеститори за создавање на функционален софтвер;
  • Скалирање и оптимизација на постоечки процеси;

Потребни познавања:

  • Докажано искуство со развој на софтвер,
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност)
  • Познавање на Java Web Technologies,
  • Искуство со Spring Framework,
  • Искуство со CD/CI,
  • Познавање на технологии како Kubernetes, Docker, Kafka…
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Базично познавање на криптовалути и дигитални асети (напредно познавање е бонус),
  • Било какво искуство со AWS е бонус.

Услови за работа:

  • Редовна и висококомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
  • Флексибилно работно време,
  • Динамична работна атмосфера во која се бара преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска и тимска атмосфера.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Рокот за пријавување е до 25 октомври, 2019 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.

Мени
Заедница
Изглед
To top