Призна ли Apple дека iPhone и паметните телефони се прескапи?

во Мобилни

Претставувањето на новиот iPhone, Apple Watch и надградбата на iPad помина без преголеми изненадувања. Секој уред е надградба на претходниот о ова не може да биде изненадување, ниту на настанот беше претставен хардвер кој беше неочекуван.

Веројатно најголемото изненадување е пониската цена која ја има основниот iPhone 11 телефон во однос на претходниот модел iPhone XR. iPhone 11 доаѓа за 700 долари, поевтин е 50 долари од претходниот влезен модел iPhone XR. Но и со самата најава на новите уреди, значително се намали цената претходните модели. Ова е очекувано, но веројатно не и висината на намалувањето, iPhone XR сега е чини 600 долари, што е 150 долари помалку. Ова е едно од највисоките намалувања на цената на iPhone, вели Bloomberg. Намалена е и цената на iPhone 8 кој сега се продава за 450 долари, или со зборовите на Тим Кук, имаат телефон за секого.

Најголем придонес во намалувањето на цената на телефонот е заситувањето на пазарот за паметни телефони, во регионите во кои Apple најмногу ги продава своите уреди. Компанијата е принудена да бара нови пазари, а таму цената на iPhone е превисока. Поради ова цените се намалени, а Apple може на овие пазари да ги продава своите постари модели, што сè уште се солиден хардвер. Кина и Индија веројатно се дел од пазарите кои компанијата сака да ги освои, но доминација на кинеските производители ќе биде тешко да се пробие. Дополнителен проблем е што новиот iPhone доаѓа без 5G поддршка, па корисникот повторно ќе треба да го замени ако сака да ја користи оваа технологија. Дали пониската цена е доволен стимул за ова сепак ќе треба да почекаме и да видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk