Г. Елоп побара од публиката на презентацијата да „не сликаат“, но во такви моменти тоа всушност значи „почнете да снимате“. Technet.hu ја сними целата презентација заедно со моментот кога беше покажан првиот Windows Phone од Nokia.
Oд презентацијата не може да се види ништо посебно освен што e тенок, ист дизајн како новиот N9, но има едно повеќе копче и работи на Mango, надоградбата на Windows Phone која ќе донесе повеќе функционалности.
Телефонот ќе го видите во првите минути, додека потоа следи презентација на Windows Phone 7 оперативниот систем, која, доколку не сте му ги виделе функциите на новиот мобилен ОС, не е лошо да ја погледнете.