Startup Macedonia Архивиран оглас

Startup Macedonia бара практикант за друштвени мрежи

Startups. Community. Ecosystem

Скопје пракса 25 јуни, 2019
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

 

Startup Macedonia е заедница на претрприемачи, експерти и стартап ентузијасти што се трудат да потикнат креирање на иновативни компании во Македонија. Ако си заинтересиран во стартапи и претприемаштво, и сакаш да се вклучиш во стартап заедницата, тогаш овој повик е за тебе. :)

Што нудиме за професинално развивање:

  • Позицијата е практикант за друштвени мрежи.
  • Праксата ќе биде платена!
  • Ќе имаш слобода да работиш независно и да придонесеш со твои идеи.
  • Ќе работиш со иновативни и креативни луѓе од заедницата.
  • Ќе присуствуваш на кул стартап настани.
  • Соработка со најдобрите стартапи и организации
  • Постојано учење од локални и странски експерти
  • Флексибилно работно време

Што бараме:

  • Одличен англиски јазик!
  • Познавање на социјални мрежи, маркетинг техники, брендирање и да имате вештини за пишување.
  • Интерес за стартап заедницата – ќе треба да сте запознаени со претприемаштво и да знаете што се стартапи.
  • Одговорност – работиме како тим, и очекуваме сите да си ги исполнат обврските навремено.
  • Самоиницијативност – Очекуваме идеи од тебе, но истите треба да бидат реализирани.
  • Интерес за организирање и координирање на настани
  • Почитување крајни рокови
  • Флексибилност – го сакаме стартап светот бидејќи е непредвидлив. Затоа очекуваме дека ќе можеш лесно да се префрлиш од обврска на обврска.
  • Комуникативност – работиме со заедницата 24/7.

Што НЕ бараме:

  • Факултетска диплома/просек – веруваме во вештини, не во дипломи.
  • Не-тимски играч
  • Работно искуство од 3108710 години!

Пријавете се на startupmacedonia.platform ат gmail.com; до 7-ми јули 2019, со subject line: Application for Social Media intern

Испратете ни ваш LinkedIn профил, кратко мотивационо писмо зошто сакате да бидете дел од стартап заедницата и концепт за Facebook post: настан на стартап заедницата (текст + графички приказ).

Деталите и одговорноста ни се важни. Ако дочитавте до крај, знајте дека апликантите што ќе пратат само LinkedIn профил ќе бидат одбиени.

Мени
Заедница
Изглед
To top