Intern / Junior .NET Софтвер девелопер
За позицијата
AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Моментално сме во потрага по високо мотивиран Intern / Junior .NET Софтвер девелопер.
Intern / Junior .NET Софтвер девелопер е дел од тимот за развој на софтвер, учествува во градење на ERP решенија и е инволвиран во сите области и фази на развој на софтвер.
Што бараме:
- Дипломиран или студент во последната година од студии на факултет за информатички науки и инженерство или поврзано поле;
- Одлично познавање на C#, .NET рамката, бази на податоци и развој на веб решенија
- Одлично познавање на MS SQL Server >= 2008
- Знаење на client-side web technologies (JavaScript, JQuery, Ajax etc.)
- Знaење на XML
- Познавање на Microsoft SharePoint, PHP, MySQL, WordPress
- Основно познавање или разбирање на деловен софтвер (ERP software solutions)
- Одговорен, со желба да се стекне со нови знаења
Што нудиме:
- Можност за работа во пријателска средина
- Работа со водечките експерти во ИКТ индустријата во земјава
- Кариерен развој и постигнување на кариерни цели
- Мотивирачка плата
- Можност за работа на големи проекти за домашни и странски клиенти
Прати ни го твоето CV на [email protected]