ИТ Асистент
За позицијата
Групацијата К.А.К е долгогодишен лидер во хотелското работење, составен од следниве организациони единици:
Ресорт Мaврово: Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ, Спортска сала, Спортски терени, Етно ресторант “Старо Бачило”
Хотел Епинал, Битола
Хотел Широк Сокак, Битола
Ле Гранд Казино
Доколку се пронаоѓате во динамична работа, полна со интересни предизвици, имате желба да бидете чест посетител на сончева и чиста планинска дестинација и сте мотивирани да бидете дел од посветен и успешен тим, ова е вистинската можност за вашиот кариерен развој која Групацијата К.А.К. ја овозможува на следната позиција:
ИТ АСИСТЕНТ
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Поставување, поврзување и одржување на компјутери, компјутерски и телефонски мрежи;
Правење резервни копии (backup) на системите и сервис на компјутери;
Инсталација и поддршка на вработените при користење на компјутерски програми;
Одржување на опрема за видео надзор, паркинг системи, озвучување, осветлување, ладење/греење.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Минимум завршено Средно Образование- Електротехничка струка, (Електротехнички Факултет ќе се смета за предност);
Пожелно работно искуство од минимум 3 години;
Искуство со системски (Windows/Linux) и апликативен софтвер;
Познавање од електрика и електроника за сервис на поедноставни дефекти на опремата;
Одлично познавање на англиски јазик;
Возачка дозвола- Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Развиени интерперсонални вештини и способност за воспоставување на мултикултурно работно опкружување;
Флексибилност, одговорност и посветеност;
Професионалност, организираност и насоченост кон резултати;
Конструктивен пристап кон работни процеси и цели;
Способност за индивидуална и тимска работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Компанијата нуди можност за професионален раст и развој, преку учество на семинари, тренинзи и конференции.
Согласно и потребите на работата, ќе биде потребна службена посета на нашите деловни единици во Маврово и Битола како поддршка при поголеми проекти.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 15/05/2019
Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.