Ова не значи дека мобилните телефони сигурно предизвикуваат рак, потребно е уште истражување, предупредува WHO, но значи дека тимот од 31 научник од 14 земји откриле доволно докази за да може да се окарактеризира радијацијата како „можна опасност за луѓето“. Ова не е ново истражување туку само класификација на опасностите основана на претходни извештаи, што опфаќа навика во стилот на живеањето.
Според IARC, Интернационалната агенцјија на WHO за истражување на ракот, која ја направи ревизијата на истражувањето се вели дека едно истражување до 2004-та покажало дека е забележан 40 отсо поголем ризик за глиома меѓу категоријата на најтешки мобилни корисници.
„Земајќи ги потенцијалните последици за јавното здравње во оваа класификација и наоди, важно е да се направи дополнително долгоречно истражување за тешкото користење на мобилните телефони. Затоа во исчекување на такви резултати, важно е да се пристапи прагматично да се намали изложувањето на такви мобилни уреди.“, вели директорот на IARC, Кристофер Вајлд.