Веб Дизајнер со високо искуство (за WordPress)
Фриленсер
За позицијата
Барам веб дизајнер за повремени проекти.
Главна цел:
– Изработка на дизајн за мали и средни компании.
– Photoshop е префериран за работа, но воопшто не смета и друга алатка. Важен е квалитетот на еден дизајн.
Генерални услови:
– линк до силно портфолио, ако нешто е под “NDA”, па затоа и необјавено на сајт, а во исто време и не може да се сподели директно во мејл, отворен сум за дискусија лице во лице.
– ништо друго посебно, само следење на модерните текови.
Големи предности:
– блиско познавање на WordPress, односно, како системот работи генерално.
– познавање на популарни premium теми, соодветно на тоа – дизајнирање спрема нивните утврдени концепти
Останати предности, не пресудни за огласот директно – само додатна предност за еден кандидат:
– солидно познавање на HTML и CSS (се подразбира најмалку 4+, па од 5- натаму :) )
– вештина во снаоѓање со основната структура на WordPress теми (подразбира едитирање HTML во PHP структурата на WordPress без туѓа помош).
Претпочитан начин на наплата е по саатнина.
Почетна саатнина: $30 USD.
Начин на прва соработка:
– Би работеле на еден проект заедно, во функција на тест проект – платен. По заедничко утврдување на големината на проектот, саатницата би била $20 USD.
По завршување на проектот:
– Доколку сè помине во најдобар ред, за следен проект почетната саатница е $30 USD, како што е наведено погоре.
– Во случај на импресивни резултати, може да се движи повисоко, но не повеќе од $60.
Изненадете ме на [email protected] :)
Поздрав,
Оливер!