2 коментари 1 мин. читање

Концепт возило на Hyundai се збогува со тркалата

Концепт автомобил на Hyundai, се збогува со тркалата и наместо нив има нозе. Возилото Elevate доаѓа со тркала, но тие може да се трансформираат во „нозе“. Вака автомобилот помалку наликува на жаба или на инсект.

Главна причина за оваа идеја е креирање на можност за движење во случај на препрека. Со „нозете“ Elevate може да се качува на непристапни локации, да прерипа некоја пречка или да се качува по скали. Elevate повеќе потсетува на дел од возилата кои се користат за мисии во вселената.

Всушност возилото на Hyundai е модуларно, на едниот дел се нозете, а на другиот дел е телото на возилото. „Нозете“ може да се користат и на нив да се прикачат различни модули на горниот дел, во зависност од потребата. Во видеото со кое го преставија возилото може да видиме неколку различни големини, од нешто што наликува на минибус, до големина за пренос на повредени во случај на незгоди. Помалиот модел кој е наменет за пренос на повредени е наречен Cradle.

Самите нозе може и да се склопат и во овој случај Elevate вози како секој обичен автомобил. Сепак возилото е во својата вистинска „убавина“ кога е исправено на нозете. Секако станува збор за концепт возило кое веројатно никогаш нема да влезе во производство во поголеми серии.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top