0 коментари 2 мин. читање 16 ноември, 2018

Едноставно уредување видеа со Avidemux

APC го нарекоа Avidemux бесплатен видео едитор со спартански изглед и, откако и самите ја проверивме алатка, не би можеле уште повеќе да се сложиме со таквата констатација. Ова е едитор кој најверојатно нема да освои високи оценки со изгледот и фокусот е целосно на продуктивност. Па така, нема да наидете на временска лента со повеќе траки. Сечење видео материјали се сведува на рачно поставување одбележувачи, а барање богати транзиции е како да барате суши во пица ресторан.

Avidemux, меѓутоа, ќе ви дозволи да отсекувате, копирате или бришете одредени делови од видеото, како и да прилепувате повеќе мали клипови во едно поголемо. Ако малку закопате зад површината, ќе наидете и на можности за одбирање аудио траки и конфигурирање на истите за најразлични потреби. На располагање имате и солиден избор од филтри и практични алатки, како Noise reduction, или deinterlacing.

Avidemux највеќе сјае во бројните можности за напредно кодирање на аудио и видео изворите и првенствено се препорачува на оние кои веќе имаат одредени искуство во оваа поле. Во случај да сакате да го проверите, кликнете тука! Алатката е достапна за Linux, BSD, Mac OS X и Microsoft Windows.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top