Digital Media Executive
За позицијата
Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
· Минимум 2 години работно искуство поврзано со огласување на дигиталните медиуми
· Одлично познавање на дигиталните медиуми, рекламни формати и следење на трендовите во дигиталниот маркетинг
· Солидно познавање и искуство со работа на платформите Google Ads и Facebook Business Manager
· Напредно познавање на англиски јазик
· Напредно познавање на MS Office пакетот (Excel и Power Point)
Работните одговорности и задачи вклучуваат:
· Развој на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми
· Менаџирање на кампањите на дигитални платформи (Ad Server, Google Ads, Facebook Business Manager и др.)
· Мониторинг и оптимизација на дигиталните медиски кампањи
· Анализа на резултатите од кампањите и известување на клиентите
· Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
· Координација со другите тимови од агенцијата
Доколку ги исполнувате критериумите, сакате да го проширите своето знаење и да бидете дел од нашиот тим, испратете го Вашето CV на [email protected], најдоцна до 05.11.2018.
Во насловот на Вашиот e-mail задолжително внесете ја позицијата за која аплицирате.