0 коментари 1 мин. читање

YouTube започнува со пренос на видео во живо

Како една од причините за оваа одлука YouTube ги наведе барањата на гледачите, објавувајќи го на својот блог следново: „Со повеќе од 2 милијарди посети дневно, лесно е да се гледа на YouTube како место за следење видеа снимени во минатото. Но, ни кажавте дека сакате повеќе – а тоа ги вклучува настаните кои се случуваат во моментов.“

Бета верзијата на платформата YouTube Live беше стартувана на 8-ми април, и во моментов е во фаза на тестирање. На неа се прикажани настани кои следуваат, со најава дека листата секој ден сè повеќе ќе се зголемува. Платформата е сè уште во процес на развој, а паралелно се одвиваат и преговори со потенцијални партнери кои би ги искористиле своите YouTube канали за пренос во живо.

Напишано од

Ива Дујак е македонско – српско – хрватска комбинација на маркетинг гик. Има 26 години, магистер е по маркетинг и работи во 4Ward. Паралелно е маркетинг менаџер на новиот независен театар во Скопје – Theatra, автор на It.com.mk и основач на This is Not a Social Media Blog.

Мени
Заедница
Изглед
To top