Grouper.mk бара Агент за Продажба
Grouper е првиот сајт за групни попусти, воедно лидер на пазарот
За позицијата
Бројот на соработници и зделки постојано расте, па имаме потреба од нов член во одделот за продажба и маркетинг. Ако сметаш дека имаш одлични комуникациски вештини, сакаш работа со луѓе и имаш потенцијал за преговарање, можеби ти си нашиот нов супер агент.
Во што се состои работата:
- Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци
- Преговарање за креирање на Grouper зделка според потребите и целите на клиентот
- Потпишување на договори
- Тековна комуникација со твоите клиенти
- Учество во реализација на најразличните маркетинг кампањи и активности кои ги организираме
Што очекуваме:
- Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
- Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се
- Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива
- Тимска игра
Како да аплицираш:
- Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на [email protected]
- Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Агент за Продажба
- Напиши предлог за 2 зделки кои би сакал/a да ги донесеш од компании кои не се наши соработници
*Бонус апликација што ќе има предност при разгледување:
Стави се во улога на Grouper агент и испрати маил за соработка/предлог до Салон за убавина “Grouper’s beauty room”.
Hint > Маилот треба да биде во форма за соработка т.е. ти си Grouper агент и се обраќаш до салонот за убавина со цел да оствариш соработка. Ако добиеш повратен одговор тоа значи дека си го закажал своето интервју за работа кое е симулација состанок за продажба каде твојата задача е да потпишеш договор. (детали допoлнително ќе добиеш на email ако си одбран/а).