Отворена работна позиција: Административно-Оперативен асистент
За позицијата
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е првата и единствена асоцијација во земјава чија мисија е да ја креира иднината на е-трговијата во Македонија. Целите на АЕТМ се да да ги поддржи интересите на компаниите, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. За помалку од една година постоење асоцијацијата успеа да ја придобие довербата од над 40 компании и организации кои се нејзини членки и поддржувачи.
Прочитај повеќе за нашата работа и активности во објавениот полугодишен извештај.
Бараме некој со пасија за е-трговија и желба за работа кој е спремен да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Ако ова ти звучи возбудливо сакаме да те запознаеме.
Во што се состои работата:
- Активно учество во работењето на асоцијацијата
- Истражување, учење и пишување на проектни апликаци
- Работење на проекти кои ќе ги спроведува асоцијацијата
- Одржување на постојан контакт и редовно известување на членовите за тековните активности
- Креирање и поставување на содржини за социјални медиуми на АЕТМ
- Пишување на блог постови за актуелни теми поврзани со е-трговијата
- Подготовка на програми и учество во организација на обуки и настани
- Подготовка на документи за работење на асоцијацијата за разни цели
- Уредно водење на документација и администрирање на документи
Што бараме:
- Желба за наградување и учење во полето на е-трговија
- Превземање одговорност, иницијатива и проактивност
- Позитивен тимски дух и енергија
- Адаптибилност на промени, желба за учење и личен напредок
- Почитување на рокови/deadlines
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Се смета за предност:
- Претходно искуство во работа со асоцијации и здруженија
- Познавање на правна и законска регулатива од областа на здруженија/асоцијации
- Oсновни познавања на Photoshop или друга алатка за основно едитирање на фотографии)
Што нудиме:
- Солидна компензација + можност за хонорар од проекти
- Отворена работна средина за напредок и опкружување од одличен тим
- Менторирање и учење
- Работа во општествено одговорна асоцијација и залагање за промени кон подобро
- Иницирање и реализирање на нови идеи и проекти со целосно водство
- Можност за развивање на нови skills & competencies
- Креативна и динаминча работна средина во која се охрабрува проактивност
- Фер однос и мотивирачки систем на наградување каде напорната и квалитетна работа е препознаена
Како да аплицираш? Испрати ни го следното на raboti@ecommercе.mk
- CV и мотивациско писмо
- Tекст (блог пост) на релевантна/актуелна тема за е-трговија по твој избор