0 коментари 2 мин. читање 1 август, 2018

Илјадници преземања на 3Д моделот на пиштол за само неколку дена

Илјадници модели на 3д пиштол се преземени откако шаблоните се објавени онлајн. Ова се случи откако судот во Тексас донесе одлука дека споделување на 3Д модели на пиштоли не е исто како и неовластено продавање на оружје.

Image courtesy of @madasednam

Одлуката на судот е донесена откако Коди Вилсон успеа да убеди доволно луѓе во Одделот за правда дека станува збор за слобода на говор. Всушност одбраната на г. Вилсон беше дека со претходната одлука не само што му е нарушено уставното право за носење на огнено оружје, туку и правото за слободно споделување на информации.

Поради ова судот му дозволи да го врати сајтот и да продолжи да споделува CAD фајлови. Одлуката започнува да важи од среда, денес, но 9 различни модели на оружје се слободни за преземање веќе неколку дена.

Веќе од почетокот на оваа недела неколку федерални држави во САД побараа забрана на судската одлука. Сепак и да биде усвоена оваа одлука, CAD моделите на пиштоли веќе се преземени илјадници пати, јави BBC.

Сепак адвокатот Боб Фергусон најави тужба против Стејт департментот во име на 8 сојузни држави. Во понеделник јавни обвинители од 20 сојузни држави најавија тужби против Стејт департментот и Defense Distributed (сајтот на Коди Вилсон).

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top