Светот на маркетингот е возбуден за овој нов тренд, и се повеќе компании се одлучуваат за рекламирање на својот бренд на ваков начин. Мора да се признае, многу е ефективно. Никој повеќе нема да застане и да погледне во билборд, ама ако видите ваква проекција на некоја зграда во ваша близина, сигурно ќе останете за поуживате и да дознаете за што се работи.
Најновото видето доаѓа од Adidas, кои ни презентираат кратки 3D спортски ситуации.
Nokia не сака да заостанува со трендот, па во Тексас, САД, на една висока зграда го најавија новото ниво на Angry Birds.
Покрај успешна рекламна кампања со неколку трикчиња, 3Д мапирањето може да се искористи и за да се добие едно полно уметничко искуство од кое ќе ви застане здивот. Прага им поклони минатата година незаборавно шоу на своите граѓани по повод 600-тата годишнина на астрономскиот часовник.
Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.