Дуна Архивиран оглас

ИМПЛЕМЕНТАТОР

Ветер во Вашите едри

вработување 25 април, 2018
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.  Има можност да биде дел од тим кој поддржува спорт, outdoor активности, здрав животен стил, забава. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи.

Улога

Имплементаторот имплеметира софтверски апликации кај корисници. Имплементацијата се состои од тестирање на верзиите на апликацијата, откривање на недостатоци и презентирање на истите кај одговорен програмер. По инсталирање на финална верзија од софтверската апликација кај корисник, имплементаторот ги презентира функциите на апликацијата на вработените кои ќе ја користат и ги обучува како да ја користат правилно. Имплеметаторот има улога и на техничка поддршка за корисници кои имаат проблем при тековно користење на софтверските апликации.

Одговорност:

– одговорен за изработка на сценарија за тестирање и инсталација како и најлесно и најбрзо обучување на кадарот кој ќе го користи софтеврот

– одоворен за спроведување на тестирањето, потоа анализа на резултатите и најпосле да ги поднесете своите забелешки до развојниот тим.

– одговорен да комуницира со клиентите и соодветно разбирање на нивните барањата

– одговорен е за обезбедување потпис за успешно спроведена обука со кај секој обучен вработен кај корисникот

–  одговорен е за креирање, обезбедување и чување на комплетна и уредна документација за секој проект посебно која подразбира: понуда; договор; SRS; функционално упатство уредно потпишано по спреведена обука; записник потппишан од двете страни; пропратна документација;

– да прими барање и истото да го опише во барање за продажба или сервисирање

– контролирање и тестирање на апликативни програми;

– инсталација на пробна верзија;

– проверка на верзија пред да се оди кај клиент на имплементација

– откривање и корекција на неусогласеност на апликативни програми;

– континуирано да се усовршува  и обучува во својата област со цел ефикасно и ефективно да одговори на поставените задачи;

– да ја спроведува  и одржува политиката на квалитет и политика за животна средина во процесот на развој;

– да обезбеди квалитет во работењето;

– да работи во согласност со барањата на системот;

–  да ја стопира работата или да даде соодветна забелешка ако се појави неусогласеност и за тоа да го извести лидерот на проектот

 

Активности:

–          Да ги прочита сите документи и да го разбере она што треба да се тестира и имплементира

–          Да ги обучи корисниците за успешно користење на апликацијата

–          Посета кај корисник по потреба од имплемтација или обука

–          Врз основа на информациите набавени во горенаведените чекор да одлучи како ќе тече имплементацијата во претходна координација со лидерот на проектот.

–          Креирање на документи

–          Развивање на тест случаи

–          Одлучува за приоритетни барања

–          Постојано следење на барањата на корисниците

–          Вршење анализа дали може да одговори на барањето на корисникот или истото да го предаде на програмер

–          Прави извештај за дефекти

–          Дефинира сериозност и приоритет за секој дефект.

–          Ги следи сите фази од изработката на сотверот.

 

Компетенции:

–          одлично познавање на ERP софтвер;

–          технички знаења кои вклучуваат познавање на функционалностите на ERP софтвер;

–          одлично познавање на сите методологии на тестирање и инсталирање тест верзии;

–          познавање на основи на сметководство (материјално и финансово работење, основни средства, благајна);

–          познавање на правни процеси и термини;

–          напредни комуникациски способности;

–          презентерски способности;

–          способност да обучува;

–          способност за работа во тим;

–          способност да одреди начин на тестирање

–          способност да определи соодветен пристап за обука во зависност од возраста и образовниот профил на вработените.

Вашите апликации ги очекуваме на [email protected] со назнака Имплементатор.

Мени
Заедница
Изглед
To top