Margento R&D d.o.o. Архивиран оглас

ПРОГРАМЕР

INNOVATIVE PROVIDER OF POWERFUL MOBILE TRANSACTION SOLUTIONS

Марибор, Република Словенија вработување 2 февруари, 2018
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

КОИ СМЕ НИЕ?

Маргенто R&D е компанија која се бави со истражување и развој на хардверска и софтверска опрема како и со имплементација на системи за мобилни трансакции. Поради зголемен обем на работа и желба за нови начини на согледување на проблемите и предизвиците, би сакале во нашите редови да ги повикаме студентите кои се во завршните години од студирањето и се заинтересирани за постојана работа.

Бараме студенти програмери

Потребни знаења:

  • работно искуство 1-3 години (вклучувајќи и студентска пракса)
  • добро познавање на бази на податоци: MSSQL (оптимизација) и SQL (data mining, анализа на податоци)
  • искуство во веб програмирање: C# (ASP.NET), HTML, CSS, JavaScript
  • искуство во C++
  • искуство во дизајнирање на извештаи (Crystal Reports)
  • познавање на MS IIS
  • познавање на англиски јазик

Нудиме:

Долгорочно вработување со тест период од 6 месеци, во успешна словенечка компанија, активно присутна на домашните и странските пазари.

Можност за стекнување на нови знаења и искуства преку работа на интересни проекти во динамична работа околина.

Очекуваме самостојни, самоиницијативни и креативни личности со желба за знаење, со точност во исполнување на дадените рокови како и со разбирање на поимот тимска работа.

Нудиме помош во постапката за добивање на дозвола за работа и престој во Словенија.

Пријави на англиски јазик, со опис на вашиот интерес и знаење очекуваме на [email protected].

Мени
Заедница
Изглед
To top