0 коментари 2 мин. читање 1 февруари, 2018

Amazon, Ворен Бафет и JPMorgan Chase ќе соработуваат на здравствена компанија

Најголемата онлајн продавница наскоро би можела да презентира нова услуга. Вести од компанијата велат дека Berkshire Hathaway нa Ворен Бафет, и JPMorgan Chase заедно со гигантот за е-трговија се заинтересирани за влез во здравствениот сектор.

Целта на трите компании според изворите е да го олеснат товарот кој здравствениот сектор го има врз економијата. Ова не е едноставно. Самиот систем е комлексен, а за успех ќе бидат потребни талентирани експерти, ум на почетник и долгорочна цел, прогнозира Џеф Безос.

„Нашите граѓани сакаат транспарентност, знаење и контрола кога е во прашање менаџирањето со здравствениот систем. Нашите три компании имаат на располагање неверојатни ресурси, нашата цел е да креираме решение кое ќе им помогне на сите вработени, нивните семејства и потенцијално, на сите Американци“, изјави Џејми Димон, од JPMorgan.

Првично компаниите се надеваат дека ќе изнајдат соодветно технолошко решение. Овие решенија ќе треба да го олеснат здравственото лекување.

Сепак за некое видливо решение е рано да се зборува. Компаниите само што ја објавија соработката, а проектот е во фаза на планирање.

„Превисоката цена на здравството е закачена како паразит на американската економија. Нашата група не доаѓа за овој проблем со решенија. Но, не го прифаќаме неизбежното. Напротив, верувам дека ако ги ставиме нашите ресурси зад најголемите таленти во државата, во иднина ќе може да ја држиме под контрола цената на лекувањето“, вели Ворен Бафет.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top