0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2018

Креаторот на Linux, Линус Торвалдс со остра критика за „ѓубре закрпите“ на Intel

Авторот на Linux, Линус Торвалдс не одбираше зборови во својата критика кон Intel.  Тој зборуваше за безбедносниот пропуст Meltdown и безбедносните закрпи кои ги издава Intel, и ги нарече тотално ѓубре. Овие зборови се дел од јавен имејл ланец.

„Буквално прават луди работи, работи кои воопшто немаат смисол“, вели г. Торвалдс за закрпите. „Некој овде не ја кажува вистината. Некој пушта тотално ѓубре од нејасни причини. Жал ми е што морам да го истакнам ова“.

Торвалдс всушност има решение кое ќе им се допадне на корисниците, но не и на компаниите. Единствен начин за надминување на проблемот е производителот, во случајот Intel, да ги повлече сите процесори од последните 20 години и да ги замени. Ова ќе биде прескапо за компанијaта, па затоа Intel издава закрпи.

„Игнорираат многу поголем проблем, имено целиот хардвер интерфејс е буквално погрешно дизајниран од морони“.

Indirect Branch Restricted Speculation решението на Intel е толку неефикасно што негова имплементација значително ќе ги намали перформансите, вели TechCrunch. Поради ова, поправањето на Meltdown не е задолжително, а додадени се непотребни работи за да направат закрпата да изгледа поголема.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top