0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2017

Електричната енергија мора да биде од обновливи извори, вели Илон Маск

Целата енергија која не е од обновливи извори ќе биде потрошена. Ако продолжиме да ја користиме ќе мора да се вратиме во средниот век. Ова го тврди Илон Маск во интервју за австралиското издание на 60 minutes.

Компанијата на Илон Маск во соработка со австралиската компанија Transgrid, работи на поставување на 100 MW батерии во Јужна Австралија. Недамна г. Маск се обложи дека оваа постројка ќе биде завршена за 100 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=fI2vgSHSXI8

„Правилото е ако не е обновливо, некогаш ќе се потроши. Имаме избор помеѓу крај на цивилизацијата – и враќање во средниот век или да пронајдеме нешто обновливо“, вели г. Маск.

Г. Маск не само што е еден од главните промотори на електричната енергија од соларни извори, туку е еден од промоторите за почиста околина. Со помош на енергијата од сонцето и замената на возилата со електрични значителни ќе се намали и емисијата на стакленички гасови.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top