Margento R&D d.o.o. Архивиран оглас

SOFTWARE DEVELOPER/SOFTWARE ENGINEER

INNOVATIVE PROVIDER OF POWERFUL MOBILE TRANSACTION SOLUTIONS

Марибор вработување 17 октомври, 2017
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Margento R&D е истражувачка компанија, којашто е фокусирана на развој на хардверски и на софтверски решенија за трансакции преку мобилни уреди.

Бараме мотивирани соработници за следниве слободни работни места:

SOFTWARE DEVELOPER/SOFTWARE ENGINEER

Што се очекува од кандидатите?

  • учество при дефинирање на софтверски спецификации;
  • развој на програмски код, според воспоставени техники и методологии;
  • извршување на активности и на процедури за тестирање со кои би се гарантирал квалитетот на решенијата;
  • одржување и надградба на софтвер; и
  • техничка поддршка за софтверските решенија.

Потребни знаења и искуствa:

  •  работно искуство: 1-3 години (вклучувајќи и стекнато искуство во freelance или part-time work, како и студентска пракса );
  • познавање на програмски јазици: C/C++ или C#;
  • познавање на MS SQL бази на податоци (оптимизација) и SQL queries (mining, data analysis, итн.);
  • тестирање на софтверски решенија;
  • познавање на англиски јазик;
  • самоиницијативност и добри комуникациски вештини; и
  • способност за работа во тим.

Што нудиме?

  • Вработување на долг период, со пробен период од 6 месеци;
  • Пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија;
  • Можности за професионален и личен развој;
  • Можности за развој и надоградба на Вашите потенцијали и компетенции; и
  • Можности за стекнување со интернационално искуство;

Како да аплицирате?

Испратете нѝ порака со апликација за пријавување и Вашето CV на словенечки, хрватски или на англиски јазик на hr(at)margento.com или испратете нѝ ги по пошта на: Margento R&D d.o.o. (HR sector), Gosposvetska cesta 84, 2000 Maribor, Slovenia.

Мени
Заедница
Изглед
To top