0 коментари 1 мин. читање

Дали роботите ќе ви ја украдат работата?

Напредокот во роботиката зазема сè поголеми чекори и во одредени работни сфери, на човекот повеќе не му е местото таму. Со секој поминат ден, автоматизацијата и вештачката интелигенција ги загрозува работните места на милиони луѓе и некој не може, а да не се запраша дали роботите ќе се развијат до тој степен да, еден ден, нѝ ја преземат и нашата работа и нè принудат да бараме друг финансиски извор?

Will Robots Take My Job ќе ви дозволи да ѕирнете во таквата потенцијална иднина. Едноставно внесете ја вашата професија во пребарувачкиот енџин и набргу ќе дознаете колку всушност треба да бидете загрижени. Резултатите се искажани во проценти, а се базирани на моментниот напредок во вашиот сектор и времето кое потребно да се направи некој значаен пробив.




По кратка проверка со одредени професии, забележавме дека таксистите, столарите, а особено келнерите си играат со огaн, но затоа прoфесорите, новинарите и нуклеарните инженери нема за што да се грижат.

Барем во моментот. :)

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top