0 коментари 2 мин. читање 18 јули, 2017

Британија најавува поригорозна контрола за пристап до порнографија

Интернет корисниците од Британија наскоро ќе мора да поминат низ многу поригорозна контрола за да пристапат до порнографска содржина.  Од април следната година, сајтовите ќе мора да обезбедат мерки кои ќе осигураат дека корисникот има 18 години, јавува BBC.

Мерката не е за да им се отежни пристапот на возрасните, туку за да се направи интернетот побезбеден за децата. Едно од можните решенија е задолжително внесување на податоци од платежни картички. Ова за обезбедување на верификација на годните го прават и онлајн коцкарниците бидјеќи платежните картичките им се достапни единствено на корисници постари од 18 години.

„Ова значи дека иако продолжуваме да ја уживаме потполната слобода на интернет, Британија ќе има еден од најробусните закони за заштита на децата на интерент“, вели Мет Ханкок, министер за дигитално општество.

Онлајн порнографијата ја гледаат дури 65 отсто од децата од 15 до 16 години и 48 отсто од децата помеѓу 11 и 16 години, пренесе Guardian. Дури 19 отсто од децата случајно пристапиле до порнографски содржини, а 28 отсто барале порнографија на интернет. Според експертите прераниот пристап до порнографија може да им наштети на развојот на децата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top