0 коментари 2 мин. читање 8 мај, 2017

ИТ Настан: Како да го финансирате вашиот бизнис од Македонија

Како да го финансирате вашиот бизнис од Македонија? Одговор на ова прашање ќе се обидат да дадат панелистите на Next Generation конференцијата организирана од Seavus.

Ова е конференција малку повеќе фокусирана на стартапи, па и говорниците се така одбрани. Дел од говорници на настанот се: директорот на Seavus, Коча Бошку; Јасмина Поповска од Фондот за иновации; Јан Коблер од South Central Ventures и Мајкл Голд од Crimson Capital. Секој од нив ќе има сопствен осврт на различни можности за финансирање.

Настанот започнува во 17:00, а говорниците се поделени во неколку панели. За посетителите најатрактивен би можел да би инвеститорскиот панел и техничкиот панел. Иако секако интересни се и двата останати панели на кој ќе се говори за важноста на соработката помеѓу техничките компании и музиката, и панелот на кој се говори за стратегии за раст.

Next Generation конференцијата ќе се одржи на 10 мај во Култура. Влезот е бесплатен, но потребно е да се регистрирате за да ја резервирате својата влезница. Повеќе за конференцијата и листата на сите говорници може да ја прочитате на веб-страницата на Next Generation.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top