Orbserve Архивиран оглас

iOS Developer

вработување 21 април, 2017
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Цел на работата

Orb (Orbserve) е стартап компанија чијашто цел е да го револуционизира начинот на кој ги доживуваме местата кои што ги посетуваме. Со штотуку одобрена инвестиција, основниот тим добива зелено светло за започнување на имплементацијата на идејата.
Првата цел е изработка на Native iOS апликација при што оваа позиција е екстремно важна.

Улогата на iOS developer ќе биде полна со возбудувања и лично надополнување на знаењата. Притоа желбата за постојан напредок и амбиција се еднакво клучни како и техничките знаења.

Обврски и одговорности

Изработка на добро структуриран софтвер за Native iOS апликација
Комуникација со останатиот дел од тимот за напредокот на работата
По изработката на MVP (Minimum Viable Product) за апликацијата континуирана

работа по принципот на Agile Software Development за редовни ажурирања на

софтверот.
Постојано тестирање на софтверот пред нови ажурирања.
Организирано одржување на сите документи за проектот.
Постојано зачувување на документите во back-up.
Организирана документација на софтверот и нејзино постојано ажурирање.

Квалификации
Искуство со изработка на Native iOS апликација во Objective-C и/или Swift.
Солидно знаење и искуство со Core Data, Git/GitHub, Grand Central Dispatch
Одлично знаење за изработка и разбирање на алгоритми.
Искуство со Google Maps API и нејзино прилагодување.
Солидно познавање на англиски јазик.
Познавање на принципот Agile Software Development

Работни услови по договор

За апликација испратете CV на [email protected]

Мени
Заедница
Изглед
To top