0 коментари 2 мин. читање 14 февруари, 2017

Доналд Трамп со својот Android телефон е опасност за тајните на САД

Во моментот кога избраниот претседател влегува во Белата Куќа, безбедносните агенции го менуваат неговиот телефон. Ова на пример се случи со претходниот претседател, но Доналд Трамп сè уште го користи својот Samsung.

Она што најверојатно повеќе ги загрижува претставниците на тајните служби е што споредувајќи го распоредот на претседателот со неговите твитови; телефонот е со него и на овие средби и брифинзи. Неодамна Северна Кореја тестираше ракета од среден дострел. Г. Трамп во ова време беше на средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Наместо г. Трамп да се повлече на безбедна локација, излегол на терасата, а документот пред него бил осветлен со блицовите на апаратите. Ова е опасно бидејќи хакер може да го искористи микрофонот или камерата за да дојде до податоци. Токму поради ова телефоните на претседателите и на дел од државните службеници се побезбедни.

Телефонот на претходниот претседател, г. Обама, дојде без камера, без можност за инсталирање на други апликации, без GPS, со неколку претходно внесени телефони. Телефонот на Трамп е обичен Android телефон. За тоа колку е едноставно да се пробие заштитата на телефон и какви се последиците сме пишувале и претходно. Сепак можеби најдобро е да се потсетиме со нов пример и тест кој Verge го направи токму за оваа пригода.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top