Марјановиќ Едукација Архивиран оглас

Пракса на далечина: Front-end девелопер

Ќе те однесеме до врвот

на далечина пракса 12 јануари, 2017
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Менторираната пракса на далечина е услуга на Марјановиќ едукација која на студентите од техничките факултети ќе им овозможи следење практична настава од дома под водство на искусни ментори кои ќе го надгледуваат нивниот напредок, ќе го оценуваат нивниот труд и ќе им го пренесуваат своето искуство на најефикасен можен начин.

Праксата е составена од три дела:

  • теоретски дел,
  • практичен дел, и
  • менторски сесии.

Програма: HTML, CSS, JavaScript, jQuery, Aptana, GitHub, Responsive design

Праксата студентите може да ја реализираат во било кој дел од годината, со обем, распоред и динамика кој нив најмногу им одговара, со можност за паузирање за време на испитни сесии.

По завршувањето на праксата студентот:

  • ќе добие потврда за реализирана практична настава,
  • ќе стекне нови или ќе ги усоврши постоечките вештините неопходни за вработување,
  • ќе има свое дигитално портфолио,
  • ќе ја зголеми својата вредност на пазарот на трудот,
  • ќе добие можност за вработување кај партнерите на академијата

За повеќе детали и пријавување посетете ја страната: http://blog.everest.mk/praksa-na-dalecina/

Мени
Заедница
Изглед
To top