Linux administrator
За позицијата
Италијанската информатичка компанија Алозис Комуникејшнс објавува оглас за работно место Linux Administrator, во Подружницата во Скопје.
Кандидатот e потребно да има најмалку 2 годишно искуство во инсталација и одржување на Linux OS (RedHat, Suse, Ubuntu…)
Потребни квалификации:
Завршен Факултет за информатички технологии (ФЕИТ,ПМФ,ФИНКИ, …)
Минимум 2 години работно искуство во инсталација и одржување на Linux OS (RedHat, Suse, Ubuntu, …)
Искуство во подобрување на перформанси на Linux OS – ќе се смета за предност
Искуство во подесување на поврзување на Linux OS Сервери со централен уред за складирање на податоци – ќе се смета за предност
Искуство во оптимизација на работни задачи под Linux OS – ќе се смета за предност
Искуство во пишување и одржување на Linux OS скрипти – ќе се смета за предност
Искуство во работа со бази на податоци (Oracle, MySQL, …) – ќе се смета за предност
Искуство во инсталација и одржување на Апликациски сервери (JBos, Apache Tomcat, Oracle Fusion Middleware, …) – ќе се смета за предност
Искуство во креирање, користење и одржување на Web сервиси – ќе се смета за предност
Основни познавања на компјутерски мрежи
Одлично познавање на англискиот јазик (говорна и пишана комуникација)
Познавање на италијанскиот јазик – пожелно и ќе се смета за предност
Личен профил:
Способност и желба за тимска работа
Позитивен став, енергичност и висока мотивираност за постојано професионално надградување
Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники, технологии и околини за развој на софтвер
Компанијата нуди:
Динамична работна средина
Можност за учење и напредок во кариера
Конкурента плата и бонуси
Заинтересираните кандидати треба да достават CV (со фотографија) на најмногу 2 страници (А4 формат), на следната е-меил адреса: [email protected]
Само кандидати кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани. Повеќе информации за компанијата се достапни на веб страницата: www.alosys.it